Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева соопштија дека го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.
Овој договор беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, а со денешното потпишување завршува формалната постапка за стапување во сила, по ратификацијата во парламентите на двете земји.