Home Актуелно Пријавил во полиција: Заканувачко писмо до актерот Сашо Тасевски

Пријавил во полиција: Заканувачко писмо до актерот Сашо Тасевски

Актерот Сашо Тасевски, кој моментално е вршител на должноста директор на Драмски театар – Скопје вчера во полиција пријавил дека истиот ден во неговата службена театарска канцеларија добил писмо со заканувачка содржина.

Како што информираат оттаму, Тасевски пријавил дека писмото пристигнало во 10.30 часот, адресирано лично до него, а откако го отворил забележал дека во него има напишана порака со заканувачка содржина за него и за други лица.

Тој појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на „Фејсбук“.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…