Home Вебкафе Денот на рибарите им се претвори во пекол: Рипнаа во реката за да се спасат! (видео)

Денот на рибарите им се претвори во пекол: Рипнаа во реката за да се спасат! (видео)

Го Про камерата сними драматичен момент кога 10 метарски глисер се заби во 7 метарски рибарски чамец во близина на реката Колумбија.

Снимката прикажува дека Меса кој бил на риболов со Кристофер и Рони, одмавнува со рацето и вика, односно се обидува да му привлече внимание на глисерот кој вози право кон нив.

Кога видоа дека глисерот нема да застане, тројцата скокнаа во ладната река, а момент покасно глисерот се заби во рибарскиот чамец.

Чамецот не е уништен, но е многу оштетен. Ларсен кој го управувал глисерот изјавува дека не го забележал чамецот, а еден негов патник кажува дека зборувал на мобилен телефон.

Сега рибарот поднесол приватна тужба против Ларсен, поради што имал психичко растројство и таа е во вредност од 372.000 долари, а конечната одлука треба да ја донесе судот.

Погледнете:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …