Home Актуелно Средба на премиерите Заев и Ципрас на формуот во Давос

Средба на премиерите Заев и Ципрас на формуот во Давос

Сите параметри кои се изнесуваат во врска со агендите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, нивната средба за која пишуваа грчките медиуми, очигледно ќе се случи на претстојниот форум во Давос.

По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција и очекувањата дека Метју Нимиц на 17-ти јануари во Њујорк ќе излезе со првичен предлог за името, полето на преговори за решение ќе се префрли и во Давос (Швајцарија), информира грчкиот информативен портал Real.gr.

Имено, кон крајот на минатата недела од владата информираа дека премиерот Заев со владина делегација на 25-ти и 26-ти јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, а според порталот во периодот од 23-ти до 26-ти месецов таму ќе биде и грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Извори кои ги консултирале грчките новинари потврдиле дека Алексис Ципрас има намера во Швајцарија да се сретне со својот македонски колега на 24-ти јануари, што според Real.gr само ја потврдува информацијата дека досега е постигнат голем напредок во однос на спорот за името.

Интернет изданието на грчкиот весник Real објави дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба на 24 јануари за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Средбата Заев – Ципрас, според весникот, е факт што ги потврдува информациите дека за време на разговорите на шефовите на дипломатиите Коѕијас – Никола Димитров во Солун, постоел голем напредок. Коѕијас и Димитров, како што пренесува Real, ќе бидат исто така во Давос.

Отааму исто така истакнуваат дека не треба да се занемари и фактот дека на форумот во Давос ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…