Home Актуелно Драма на коледарски оган во скопско: Со џип поминал низ огнот и прегазил две лица!

Драма на коледарски оган во скопско: Со џип поминал низ огнот и прегазил две лица!

Синоќа во скопското село Мирковци се случи вистинска драма.

И.П. од село Кучевиште синоќа околу 1:40 часот во скопско Мирковци на место каде по повод Бадник имало запалено оган на кој биле присутни повеќе граѓани, им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази.

-Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од Мирковци. И.П. избегал во непознат правец, информираат од полицијата.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…