Home Спорт Челзи и Куртоа се договорија: Белгиецот станува најплатен голман во светот

Челзи и Куртоа се договорија: Белгиецот станува најплатен голман во светот

Тибо Куртоа и Челзи конечно постигнаа договор за продолжување на соработката, пренесуваат англиските медиуми.

Новиот договор на Куртоа беше главна тема во англиските медиуми веќе подолго време, а се шпекулираше дека голманот може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ доколку не биде постигнат договор.

Актуелниот договор на Куртоа со Челзи истекува во 2019 година, а сега ќе се обврзи на верност со „сините“ до 2023 година.

Според новиот договор Белгиецот ќе заработува 10,5 милиони фунти годишно и со тоа ќе стане најплатениот голман во светот.

Куртоа пристигна во Челзи во 2011 година од Атлетико Мадрид и се етаблираше како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…