10 работи кои не смеете да ги правите со вашиот автомобил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако модерните автомобили имаат многу сигурносни мерки за да се избегнат опасности и за вас и за него, некои пракси сепак можат да наштетат. Внимавајте и избегнувајте ги овие 10 работи.

Не стегајте го копчето за гасење во вожња
Доколку тоа го правите кога возете со нормална брзина, ништо нема да се случи. Модерните автомобили имаат многу сигурносни мерки за да се спречи дефект. Во секој случај, не правете го тоа.

Не префрлајте во рикверц додека возите
Уште една работа која треба да ја избегнувате е оваа. Иако нормално во секој автомобил, оваа наредба треба да се занемари, сепак не е добра идеја.

Не префрлајте во начин за паркирање додека возите
Немојте ова да го испробувате. Компјутерот може да се блокира и да го оштети вашиот автомобил

Не ставајте други клучеви во бравата
Не ставајте други клучеви бидејќи тоа може да го оштети прекинувачот за палење. Одвојте ги и ставајте го само тој што треба.

Редовно сменувајте масло
Упатствата кои се даваат се со причина. Тоа особено се однесува на новите автомобили. Некои производители користат многу слабо масло, а тоа мора да биде променето спроед упатството.

Не го преполнувајте моторот
Моторот секогаш доаѓа со мерна шипка, која означува „полно“ и „празно“. Исполнете го до полно, а никако до врвот бидејќи може да предизвика катастрофални последици.

Не чекајте резервоарот да се испразни
Дури и најчистиот бензин има мали честички во себе, а гравитацијата ги држи на дното од резервоарот. Ако возите на резерва, овој остаток се вовлекува во моторот.

Не игнорирајте ги знаците за предупредување
Овие знаци не се исти за сите автомобили, но општо се означени со боја. Зелените покажуваат активност, црвените знаци се проблем, а жолтите знаци се за проверка или сервис. Доколку се запали некоја сијалица, не го занемарувајте тоа и посетете механичар што побрзо.

Проверувајте го притисокот во гумите
Уште една добра пракса е да имате навика да го проверувате притисокот во гумите. Возењето со послаби гуми може да биде доста несигурно, а освен тоа и гумите се трошат многу брзо.

Проверувајте го балансот на гумите
Ако случајно погодете дупка, одведете го автомобилот во работилница и замолете го механичарот да го провери балансот. Ако не е балансирано, вие нема да иамте контрола над својот автомобил.