Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Кина е пронајдено совршено зачувано гнездо со 30 фосили на јајца од диносаурус кои се стари 130.000 години.
Гнездото е пронајдено за време на работа на градилиште во кинескиот град Ганжо, кој е познат и како „роден град на диносаурусите“, јавуваат локалните медиуми.
Работниците приметиле камења во овален облик, кога со експлозија го растресувале тлото, пишува Дејли Мејл. Тие се посомневале дека се работи за јајца од диносаурус и одма прекинале со работа, по што и јавиле на полицијата. Градилиштето е затворено и известен е локалниот музеј.
Експерти од музејот после преглед на фосилите, утврдиле дека се работи за лушпи од јајца, кои се стари 130.00 години. Градот е познат по вакви наоди, особено од врстата овираптор.