Home Спорт Играчи од 98 држави ги треселе мрежите во Премиер лигата

Играчи од 98 држави ги треселе мрежите во Премиер лигата

Премиер лигата е најинтернационалното фудбалско првенство на светот, а доказ за тоа е фактот што играчи од 98 различни држави постигнале гол во Премиер лигата.

Естонецот Рагнар Клаван постигна гол во победата на Ливерпул над Барнли и со неговиот гол Естонија е 98-та држава која има играч кој постигнал гол во Премиер лигата.

Најмногу голови очекувано доаѓаат од англиските фудбалери, односно домашните преставници постигнале 10.826 гола во Премиер лигата.

На второто место се Французините кои имаат постигнато 1477 гола, па следуваат Ирците 946 гола и Холанѓани со 904 гола.

Македонија има три преставници кои до сега настапувале во Премиер лигата, Ѓорѓи Христов, Артим Шаќири и Горан Попов кои вкупно имаат постигнато 11 гола во најелтната англиска лига.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…