Home Спорт Роналдо со фотографија за историја!

Роналдо со фотографија за историја!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо направи историска фотографија и ја објави на својот профил на „Фејсбук“.

Тој се сликаше со сите индивидуални трофеи кои ги има освоено во кариерата, а сликата ја посвети на своите фанови.

„Кога играв фудбал на улиците во Мадеира и сонував да стигнам до врвот, не можев ни да претпоставам дека еден ден ќе направам ваква фотографија. Овој момент му го посветувам на целото семејство, пријателите, соиграчите, тренерите. На крај, спацијално благодарам на фановите. Овие трофеи се за вас!“, напиша Роналдо под сликата.

На сликата Роналдо позираше со сите 15 индиводуални трофеи кои ги има освоено во кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…