Home Вебкафе Фејсбук против самоубиствата

Фејсбук против самоубиствата

Социјалната платформа Фејсбук создаде нов систем со вештачка интелегенција кој ќе ги детектира членовите на оваа социјална мрежа кои имаат самоубиствени мисли, најавија од компанијата. Иницијативата е со цел навреме да им се помогне на овие луѓе.

Системот автоматските ќе препознава индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук лајв“.

Доколку бидат утврдени таквите индиции, персоналот на Фејсбук ќе биде информиран, како и организациите специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот ќе ги анализира и пораките на членовите со нивните пријатели.

Веќе постојат алатки кои им овозможуваат на корисниците да дадат сигнал, доколку некој нивен пријател сака да стави крај на животот, но системот со вештачка интелегенција ќе овозможи тоа да се прави побрзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…