Home Актуелно Малолетно девојче киднапирано до скопската населба Кисела Вода

Малолетно девојче киднапирано до скопската населба Кисела Вода

Според МВР, вчеравечер во околу 21,50 часот во полициската станица Кисела Вода, четириесет и петгодишниот Р.И. пријавил дека околу 21,30 часот неговата ќерка А.И.(19) му кажала дека на нејзиниот мобилен телефон и се јавило лицето Н.Х. (25) и ја прашал каде е нејзината 13- годишна сестра.

Пријавителот се јавил на телефонскиот број од кој била повикана А.И. по што Н.Х. му одговорил дека го зел девојчето и ја прекинал врската. По околу десетина минути на пријавителот му се јавил И.Х., чичко на Н.Х., кој исто така му кажал дека девојчето било кај нив и ја прекинал врската. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…