Home Спорт Венгер се откажува од најголемата желба

Венгер се откажува од најголемата желба

Менаџерот на Арсенал во последните денови од летниот преоден рок се обиде да го донесе Томас Лемар од Монако, во кого гледа идеална замена за Алексис Санчез.

Лемар е една од најголемите трансфер желби на Венгер, а за тоа говори и понудата од 90 милиони фунти која ја испратија „топџиите“ во последните денови од преодниот рок.

Тој трансфер сигурно ќе беше рекорден за тимот од „Емирати“, но клубот од „кнежевството“ без размислување ја одби понудата и го задржа Лемар.

„Топџиите“ и понатаму се во потрага по замена за Санчез, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал, но последните информации од Островот говорат дека Лемар нема да биде негова замена.

Имено, раководство на Арсенал не планира да испраќа нова понуда за Французинот бидејќи верува дека цената која ја бара Монако е превисока.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…