Home Спорт Премногу емоции за живата легенда: Буфон „пукна“ и не престана да плаче во своето последно интервју во националниот дрес (Видео)

Премногу емоции за живата легенда: Буфон „пукна“ и не престана да плаче во своето последно интервју во националниот дрес (Видео)

Иако сакаше со крајот на Мундијалот да му каже „збогум“ на националниот дрес, по дебаклот кој ја снајде Италија вечерва, големиот Џанлуиџи Буфон истото мораше да го стори многу порано.

Имено, Италија по 60 години не успеа да се пласира на СП, и тоа по вечерашното реми и поволниот резултат кој го понесоа од домашен терен Швеѓаните.

„Премногу ми е жал, не само за себе туку и за цела Италија. Ова е мојот последен меч за репрезентацијата. Не сакав вака да заврши. Им заблагодарувам на сите оние кои ми даваа поддршка во сите изминати години, во сите мигови кога гордо го носев најпосакуваниот дрес“, истакна во своето последно интервју во дресот на репрезентацијата, Гранде Џиџи Буфон.

https://twitter.com/oktranking/status/930196849046310913

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…