Home Спорт Тандем од соништата – синоќа ги следеа дури 17 клубови!

Тандем од соништата – синоќа ги следеа дури 17 клубови!

Двоецот на Селтик синоќа беше под будно око на скаутите од Премиер лигата, бидејќи нивната цена во моментов е таква што скоро сите клубови можат да го доведат, па дури и оние кои се борат за опстанок.

„Мирор“ пренесува дека дури 17 клубови од Премиер лигата имале свои претставници, па двоецот Дембеле и Тирни готово сигирно ќе замине од Селтик на крајот на сезоната.

Селтик планира да ги продаде, а цената ќе биде околу 70 милиони евра. Напаѓачот Дембеле постојано ги тресе противничките мрежи и е најзаслужен за тројната круна минатата сезона, но големо внимание привлеку и левиот бек Кејлор Тирни.

Имено, тој произлегува од школата на Селтик, игра маестрално, за првиот тим дебитираше на 17 години и има само 20 години. Веќе дебитираше за шкотската репрезентација, а минатото лето се поврзуваше со трансфер во Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…