Home Наука и техонологија Виртуелна асистенција во автомобилите – веќе од идната година

Виртуелна асистенција во автомобилите – веќе од идната година

Познатата амазонова виртуена асистенција „Alex“, од наредната година ќе биде инсталирана во BMW автомобилите. Ова го соопштија претставници на американската е-компанија Амазон.

Со помош на „Alex“ во автомобилите, Амазон продолжува да се шири на пазарот со виртуелна асистенција, која веќе се вградува во многу ТВ уреди и слично. Кога се работи за автомобилите, виртуелната асистенција е веќе тестирана во некои модели на Форд.

Од следната година, љубителите на BMW автомобилите ќе можат од „Alex“ да бараат да им ги вклучи светлата, да им пушти музика или да се јави кај некој. Исто така ќе може да се користи и како навигација.

Целта на Амазон е на возачите да им овозможи пристап до многу вештини на „Alex“. Оваа виртуелна асистенција треба да биде достапна од 2018 година во автомобилите на BMW, во САД, Велика Британија и Германија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…