Home Вебкафе Испиша нова страница во германскиот фудбал: Таа е првата судијка во Бундеслигата

Испиша нова страница во германскиот фудбал: Таа е првата судијка во Бундеслигата

Бибијана Штајнхаус влезе во фудбалската историја на Германија како првата жена која ја делела правдата на еден натпревар од најквалитетното фудбалско првенство во Германија, а и во најдобрите европски лиги.

Таа вчера беше арбитар дуелот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин меѓу Херта и Вердер кој заврши нерешено 1:1.

Истовремено Бибијана Штајнхаус е првата жена која судела во некои од ТОП 5 лигите во Европа (Германија, Англија, Шпанија, Италија и Франција).

Штајнхаус, која има 38 години, по професија е полицаец. Правдата на фудбалските терени ја дели од 2007 година, а најважни натпревари на кои има судено во кариерата се овогодишното финале во женската Лига на шампиони и финалето на женскиот турнир на ЛОИ 2012 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Лесно надминете ја јануарската меланхолија

Често ли се чувствувате празни и без енергија по завршувањето на празниците? Во текот на з…