Home Спорт Видео: Елмас мајсторски асистираше, Пандев реализираше, Македонија го победи Израел!

Видео: Елмас мајсторски асистираше, Пандев реализираше, Македонија го победи Израел!

Македонската фудбалска репрезентација запиша победа на гостувањето во Израел и тоа со резултат 0:1, стрелец на единстивениот гол на натпреварот беше Горан Пандев.

Иако Израел ја имаше иницијативата, нашата репрезентација можеше да дојде до предност веќе во 15 минута кога Кире Ристевски успеа да ја затресе мрежата на домаќините, но главниот судија на натпреварот го понишити голот поради офсајд позиција. До крајот на полувремето и двете репрезентации создаваа по некоја шанса, но погодоци немаше, па на полувреме се замина со почетиниот резултат.

Клучниот момент на натпреварот селекторот Ангеловски можеби го направи кога во 63 минута од средбата во игра во внесе новото засилување на Фенербахче, Елмас кој го замени Николов. Токму, Елмас, во 73 маестрално го проигра Горан Пандев кој знаеше како да го матира чуварот на мрежата на домаќините, па Македонија стигна до водство.

Овој гол на Пандев се покажа и како одлучувачки, Македонија ја запиша првата победа против Израел во петтиот меѓусебен натпревар, пишува Спортски.мк.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…