Паника во светот – Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Северна Кореја соопшти дека направила успешен тест со хидрогенска бомба. Соопштението денеска го објави централната телевизија на државата.

Во него се наведува дека хидрогенското полнење со кое бил извршен денешниот тест, може да биде поставено на интерконтинентална балистичка ракета.

Неколку часа по шестиот севернокорејски нуклеарен тест, властите соопштија преку националната телевизија дека „тест со хидрогенска бомба бил извршен целосно успешно“. Северна Кореја неодамна испука балистичка ракета од среден дострел што ја прелета Јапонија и падна во Тихиот Океан.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер е забалежан во Северна Кореја, а кој може да сугерира дека е изведен нуклеарен тест.

Кинеската агенција за земјотреси соопшти дека регистрирала уште еден потрес во Северна Кореја со магнитуда од 4,6 степени по Рихтер.

Северна Кореја ја спроведе шестата нуклеарна проба, потврди јапонската влада во зивештај на неколку страници на кои се наведува и дека е регистрирана “експлозија“ со магнитуда од 6,3 степени во близина на локацијата каде што е изведена атомската проба.