Home Шоубизнис Ќе проверуваат дали таа му е ќерка: Телото на Салвадор Дали ќе биде ексхумирано

Ќе проверуваат дали таа му е ќерка: Телото на Салвадор Дали ќе биде ексхумирано

Телото на сликарот Салвадор Дали ќе биде ексхумирано денеска со цел да се изврши тест за татковство откако шпански судија донесе таква одлука минатиот месец.

61-годишна жена од градот Жирона, која не беше именувана од судот, го убеди судијата дека Дали треба да биде откопан за да се открие дали е ќерка на уметникот. Жената, која работи како читачка на тарот карти, уште од 2007 година тврди дека е дете на Дали. Таа бара да биде легално призната како негова ќерка за да може да добие дел од неговото наследство.

Таа вели дека нејзината мајка била вработена во домот на Дали во средината на 1950-те и дека двајцата имале тајна љубовна врска. Дали бил женет со неговата муза Гала во тој период.

Дали е погребан меѓу неговите уметнички дела во Театарот и музеј Дали во Фигуерес, град во Каталонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кристен Бел покажа како се носат широките фармерки што допираат до подот

Кристен Бел избра опуштена силуета за есента: широки, долги фармерки чии ногавици се набир…