Лицемерието на Инстаграм: Да не беше таа во прашање, гарант ќе ја избришеше оваа фотка (18+)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Адриана Лима на Инстаграм објави фотографија со целосно разголена жена, поради која нејзините следбеници и пријатели коментираа дека од социјалната мрежа навистина се лицемерни и со двојни аршини.

На фотографијата жената позира во целосно разголено издание, без никаква облека на себе, а покрај истата Лима додаде: „Расположение: Зграпчи го здравиот облик на женското тело и неговата вистинска убавина“.

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Иако на фотката се гледаат голите гради од женскиот лик, а тоа според правилата на Инстаграм е недозволив видлив детал, фотографијата не е избришана од профилот на славната убавица.

„Зошто Инстаграм не го избрише ова“, револтирано прашуваат многумина, не затоа што имаат нешто против содржината на фотографијата, туку затоа што се изнервирани од лицемерието на Инстаграм.