Home Спорт Одличен старт: Младинците со победа над Русија го започнаа СП

Одличен старт: Младинците со победа над Русија го започнаа СП

Младата македонска ракометна репрезентација со победа стартуваше на Светското првенство во Алжир, откако во рамките на првото коло во Ц групата ја совлада Русија 29:22.

Македонија добро го почна натпреварот, имаше водство во најголем дел од првото полувреме, но на одморот Русија замина со предност од 11:10.

Русија подобро влезе во второто полувреме, во 35-та минута стигна до предност 11:14, но во наредните 10 минути одбраната и Филип Талески беа креатори на пресвртот за 19:17 во 45-та минута.

Предноста од два гола Македонија ја удвои во наредните минути (24:20), а во 55-та минута „црвено-жолтите“ стигнаа и до максималната разлика од седум гола 27:20. Конечниот резултат 29:22 за македонските ракометари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…