Home Шоубизнис Бајковидни фотографии од венчавката на Миранда Кер

Бајковидни фотографии од венчавката на Миранда Кер

Два месеци после интимната венчавка, Миранда Кер најпосле ја покажа венчаницата во која го кажа судбоносното „да“ на основачот на Snapchat, Еван Шпигел.

На фотографиите објавени во списанието Vogue, супермоделот изгледа кралски во Диор фустанот со долги ракави, украсен со бисери, а инспирација за овој ден за Миранда Кер била Грејс Кели.

Како што изјави за Vogue, нејзината мајка и баба плачеле кога ја виделе во венчаницата.

„Искрено, не можев да замислам поубава венчаница. Кога бев млада, баба ми ми рече: Миранда, мажите се визуелни типови, важно е да изгледаш добро“, открива Миранда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …