Home Шоубизнис Ангелот на Victoria’s Secret уживаше во Дубровник на бродот од најпосакуваниот ерген

Ангелот на Victoria’s Secret уживаше во Дубровник на бродот од најпосакуваниот ерген

Веста дека прекрасната манекенка од „ангелската“ дружина на Victoria’s Secret, Џозефин Скривер, стигна во Дубровник ја пренесоа сите локални медиуми, но она што не беше познато е фактот дека згодната Данка ужива на бродот од еден Хрват.

Чамецот во кој русокосата манекенка позираше облечена само во танга е иновација на еден од најпосакуваните ергени во Хрватска, Едуард Бочкај, кој неретко го нарекуваат хрватска верзија на „Ѕверката“ од „Сексот и градот“.

Бившиот директор за продажба на RTL и Nova TV последните неколку години се занимава со дизајн на возила, па после електричниот скутер Moneghette, го дизајнираше и чамецот Dubrovnik Republic, кои се произведени во Хрватска и кои ги изнајмува.

Бочкај после разводот од Дина Штерн, со која има два сина, го поврзуваат со многу убавици, но ниту една врска не му траеше доволно долго. Најдолго се љубеше со српската мисица Тијана Ракиќ, а медиумите шушкаа и за врската со Тија Јурчиќ.

Џозефин, пак, на одмор во Хрватска дојде со браќата и дечкото, музичарот и текстописец Александар ДеЛеон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …