Бодибилдерката престана манијачки да вежба во теретана – ќе ве изненади со изгледот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека повеќето луѓе на социјалните мрежи се фалат со тоа колку килограми симнале, Џолен Никол Џонс одлучи да се пофали токму со спротивното.

26-годишната Џолен се занимава со бодибилдинг и имаше тело на кое завидуваа многу луѓе, но таа посака да има малку поинакво тело. На Фејсбук објави фотографија на која се гледа како изгледаше претходно, додека манијачки вежбаше во теретана и како изгледа денес, кога престана со вежбањето.

„Од бодибилдерка до личност која си го сака своето тело“, ја започнува својата приказна таа, објаснувајќи дека е свесна оти тоа не е типична приказна за телесна трансформација.

Џолен некогаш беше редовна во теретана и внимателно го мереше секој оброк за своето тело да го одржи во форма, но на крајот заклучи дека за да биде среќна има потреба од нешто друго.

„Некои можи ќе коментираат дека сум се запустила, но всушност јас се пронајдов себеси и сфатив дека имам повеќе нешта во живото за кои имам голема страст, а една од нив е пиење пиво со пријателите. „Плочките“ на стомакот не ме правеа среќна. Никогаш не сум била доволно добра и секогаш ми требаше да се подобрувам“, објаснува таа.

Денес без грижа на совест ужива во храната за која некогаш можеше само да сонува, а своето ново тело го смета за поубаво бидејќи ја прави среќна.

„Вашето тело буквално е единствената работа која ја носите низ животот. Вашата вредност и радост не се нешто што вам ви го докажува тежината која сте способни да ја подигнете, ниту она што го пишува на вагата. Мојата вредност е во она кое го бирам да ме опкружува и кое ми донесува насмевка на лицето“, заклучува Џолен.

Фотката заработи над 103.000 допаѓања и над 38.000 споделувања.