Home Спорт Познат датумот на Суперкупот на Шпанија – две „Ел Класика“ за три дена!

Познат датумот на Суперкупот на Шпанија – две „Ел Класика“ за три дена!

Шпанските гигнати Реал Мадрид и Барсеолона ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Шпанија на 11-ти и 14-ти август, потврдија денес шпанските медиуми.

Првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“ на 11-ти во петок, а возвратниот меч е на „Сантиаго Бернабеу“ три дена подоцна, односно на 14-ти август.

Интересно е што тимот на Зидан само три дена претходно, на 8-ми август игра во Скопје против Манчестер Јунајтед за Суперкупот на Европа.

Претходно на 29-ти јули Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат првото „Ел Класико“ ова лето и тоа во Америка, што ќе биде и деби за новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…