Home Спорт Биди дел од Суперкупот: Пријави се и биди волонтер!

Биди дел од Суперкупот: Пријави се и биди волонтер!

На 8ми август во Скопје нè очекува најголемото спортско доживување на Балканот, Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел во Скопје ќе бидат поставени три фан зони каде љубителите на фудбалот ќе можат да се забавуваат во исчекување на големиот натпревар.

За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за самата организација на истите.

За таа цел се објавува јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за интерес на следниов линк:

ПРИЈАВА ЗА ВОЛОНТЕР

Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање. Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата. Ова е одлична можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.

Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…