Home Живот и здравје Не можете да ја издржите диетата? Пробајте со овој трик!

Не можете да ја издржите диетата? Пробајте со овој трик!

Според неодамнешната студија на холандски и португалски истражувачи, доколку за време на диетата си дозволиме на себе еден ден во неделата кога можеме да го прекршиме режимот на исхрана и да изедеме некое омилено „забрането“ јадење, поголеми се шансите дека ќе ја издржиме диетата.

Истражувачите следеле две групи на испитаници кои сакале да ја намалат телесната тежина – првите секојдневно внесувале по 1.500 калории, додека другите шест денови внесувале по 1.300 калории, а седмиот ден 2.700 калории.

Забележано е дека испитаниците од првата група полесно ја губеле мотивацијата, додека другите, бидејќи знаеле дека седмиот ден ќе можат да јадат што ќе посакаат, имале поголема волја и биле помалку подложни да се откажат од диетата.

Исто така, губењето на килограмите на двете групи било слично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Тренинг за совршени нозе и задник

Тренинг за совршени нозе и задник Убаво затегнати и оформени нозе се сон на секоја жена. Н…