Home Спорт Тандемот почна да работи: Прв тренинг на Ѓоковиќ со Агаси

Тандемот почна да работи: Прв тренинг на Ѓоковиќ со Агаси

Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ и официјално почна да работи со својот нов тренер Андре Агаси.

Првиот заеднички тренинг Ѓоковиќ и Агаси го имаа вчера на терените во „Роланд Гарос“ во Париз, каде в недела и официјално ќе стартува вториот овосезонски Гренд слем турнир, Отвореното првенство на Франција.

Фотографии на двајцата поранешни најдобри тенисери во светот, сега во улога на играч и на тренер, ги преплавија социјалните мрежи и се денешна топ тема од тенисот.

Новак Ѓоковиќ по ланскиот триумф на „Ролан Гарос“ се соочи со голем пад и криза во кариерата, во која по серијата слаби резултати ја загуби водечката позиција на АТП листата.

Србинот неодамна ја прекина соработката со тренерот Марјан Вајда и со целиот тренерски тим со кој работеше долго време и тргнува во нов почеток под водство на Андре Агаси, со кој ќе се обиде да го одбрани трофејот во Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…