Квотербекот на Детроит лајонс, Џаред Гоф, изрази загриженост и поддршка за соиграчот Џек Кемпбел по застрашувачката повреда на натпреварот против Минесота вајкингс во неделата, на 1 ноември.
„Тоа што му се случи на Џек навистина беше страшно. Во таков миг се враќаш во реалноста и се потсетуваш дека тој е сопруг и татко. Страшно“, изјави 32-годишниот Гоф по натпреварот.
Во соопштението објавено во неделата вечерта, клубот сподели повеќе информации за состојбата на Кемпбел.
„Џек Кемпбел се одмора и вечерва ќе остане во локална болница за дополнителни испитувања и набљудување. Ќе објавиме нови информации штом ги добиеме“, соопштија од Лајонс.
На прес-конференцијата по натпреварот, главниот тренер Ден Кемпбел рече дека играчот ја добива потребната грижа. „Нашите мисли и молитви се со Џек и неговото семејство“, додаде тој.
Лајонс на крајот ги победија Вајкингс со 19-15. Коментирајќи го натпреварот за „Фокс“, Том Брејди зборуваше за тоа колку е тешко играчите да се вратат на теренот по толку вознемирувачки момент.
„Очигледно, ова е многу тешко за сите, но истовремено е дел од она што го правите цел живот“, рече тој кога играта продолжи. „Тој добива одлична медицинска нега и внимание, а вие мора да се вратите на теренот и да си ја завршите работата.“
Репортерката покрај теренот Ерин Ендрус, исто така, зборуваше за значењето на Џек за Лајонс, откако разговарала со еден од неговите соиграчи.
Извор: US Weekly