Home Живот и здравје Дознајте кои професии се најстресни!

Дознајте кои професии се најстресни!

Истражувањето на Универзитетот во Висконси во кое е направена листа со 200 најинтересни професии, додека нивото на стрес го мереле по основа на физичките побарувања за работата, потенцијалната смртност, патувањата и профитабилноста.

Резултатите покажуваат дека професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавноста, пилотите и новинарите имаат најстресна работа, додека со најмалку стрес се соочуваат универзитетските професори, библиотекарите и фризерите.

Професионалните војници и генералите имаат најстресна професија бидејќи освен што нивната работа е физичка и психички напорна, тие се одговорни и за војниците. Најстресна цивилна работа имаат пожарникарите кои секојдневно се изложени на опасности, а многумина од нив завршуваат трагично.

Меѓу останатите најстресни професии се работењето како пилот, фоторепортер, новинар, возач, полицаец и извршен дирктор.

„За помалку стресни професии се карактеристични позитивните повратни информации што се добиваат од клиентите, а воедно тие луѓе се и посреќни. Така, универзитетскиот професор е крал на своето кралство со најмногу овластувања во предавалната и со право да им кажува на студентите што треба да прават“, вели експертот Тони Ли.

За најмалку стресни професии се смета работењето како златар, службеник, лабораториски техничар и нутриционист.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …