Во Шпанија тврдат – Кутињо кажа ДА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што ексклузивно пренесува каталонски „Спорт“ на денешната насловна страна, ѕвездата на Ливерпул Филипе Кутињо дал согласнот за преселба во Барселона!

Според овој извор, Каталонците веќе подолго време го следат Бразилецот и во него гледаат идеален наследник на Андрес Иниеста. Наводно сега и Кутињо одлучил да го напушти Ливерпул, а негов прв избор е Барселона каде се наоѓаат неговите големи пријатели Нејмар и Луис Суарез.

Весникот тврди дека Ливерпул веќе ја одредил цената и дека нема да го пушти Кутињо за помалку од 90 милиони евра, неколку милиони повеќе од тоа што заработија од продажбата на Луис Суарез.

Барселона не е спремна да ја плати оваа сума, но голема улога во намалување на цената би можел да одигра Китуњо доколку врши притисок и јасно изрази желба да се пресели на „Камп Ноу“.

Кутињо во Барса ќе има можност за освојување на важни трофеи како Примера и Лига на шампиони, а Каталонците со него ќе добијат нов лидер во средниот ред.