Home Спорт Заслужено: Нголо Канте избран за најдобар во Премиер лигата!

Заслужено: Нголо Канте избран за најдобар во Премиер лигата!

Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте ја доби наградата од Асоцијацијата на професионални фудбалери за најдобар играч на сезоната во Премиерлигата, а Деле Али го доби признанието за најдобар млад фудбалер.

Иако оваа награда ретко оди во рацете на дефанзивец или деструктивен фудбалер за врска, сепак мора да се заклучи дека Канте сосема заслужено го одбива ова признание.

„Многу ми значи тоа што сум избран од фудбалерите да бидам најдобар играч на сезоната. Имав две прекрасни сезони, едната со Лестер другата со Челзи, наградата ми значи се, голема чест е да се биде фудбалер на сезоната“, изјави Канте.

Второто место според гласовите му припадна на Еден Азар, додека Златан Ибрахимовиќ беше на третото место. За најдобар млад фудбалер беше избран Деле Али од Тотенхем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…