Home Шоубизнис Фантазија за книгољупците: Импресивен тунел од книги во Кина

Фантазија за книгољупците: Импресивен тунел од книги во Кина

За оние кои многу ги сакаат книгите, а покрај тоа можат да си дозволат често пати да патуваат низ светот, една кинеска книжарница е вистинско доживување. А нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција.

Продавницата на книги „Јангжоу Жангжуге“ во кинескиот град Жен Јуан, одвнатре изгледа како сцена од филмот „Inception“ (Почеток). Просторот што предизвикува вртоглавица е дизајниран како една голема оптичка илузија.

Главниот ходник, чиј под е покриен со црни огледала, има форма на пештерски свод на чии ѕидови се наоѓаат полици со книги. Рефлективната површина на подот и кривите форми на полиците создаваат чувство дека сте во совршена кружна просторија.

Ваквото чувство Ве тера да се запрашате што се случува околу Вас, па многу посетители се чувствуваат изгубени во таквиот простор. Помош при движењето нив овој „обратен“ простор дава размерот на таванот во форма на молња, чиј одраз на подот може да послижи како патека по која се стигнува во другиот дел од книжарницата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…