Home Шоубизнис Кога стигнаа: Медиумите тврдат дека Бред Пит е во врска со…

Кога стигнаа: Медиумите тврдат дека Бред Пит е во врска со…

Тензиите помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се смирија до тој степен, што Бред веќе си најде нова девојка, барем според американските медиуми.

Имено, според она што тие го пишуваат, Бред и Сандра Булок започнале да излегуваат заедно, а нив ги споил Џорџ Клуни, кој му е одличен пријател на Бред.

Тој ги запознал пред многу години на еден негов хуманитарен настан, бидејќи сметал дека многу добро си одговараат.

– Џорџ е одлучен да му помогне на Бред побрзо да ја заборави поранешната сопруга и не можеше да помисли на никој друг освен на Сандра. Тие моментално се на почеток… Џорџ помисли дека Сандра е идеална девојка за Бред, објаснува избор близок до актерот.

Сепак, други медиуми пишуваат дека Бред е мошне задоволен со неговиот живот како самец, а социјалниот живот му е смален на минимум. Повторно се дружи со старите пријатели. Иако тој не е подготвен за нова романса, изгледа многу посреќен од моментот кога објавија дека се разведуваат. Можеби токму Сандра е виновна за насмевката на неговото лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Том Хенкс ненадејно се врати во „Сабота навечер во живо“ како Дејвид С. Пампкинс

Том Хенкс ја изненади публиката со појавување во воведниот скеч на „Сабота навечер во живо…