Барселона носи неочекувано засилување од Премиер лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант следното лето ќе го промени тренерот, а со самото тоа и тимот ќе претрпи одредени промени.

Се споменува доаѓање на неколку фудбалери, а англиските медиуми денес пренесуваат дека Барселона по секоја цена сака да го врати „своето дете“ кое моментално настапува во Саутемптон, Ориол Ромеу.

Одличниот играч за врска е продукт на академијата на Барселона, а потоа замина Челзи каде не се снајде баш најдобро. Потоа играше во Валенсија и Штутгард, а вистинската форма ја покажа со враќањето во Премиер лигата.

Сега Браселона повторно го сака на „Камп Ноу“ и смета дека би бил идеална алтернатива за Серхио Бускетс, а со оглед на квалитетите сигурно ќе треба да плати нешто повеќе од 20 милиони евра.