Ова е најтажната приказна за спектаклот на „Камп Ноу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачот на Барселона, Крис Роландус е единствен навивач на каталонскиот клуб кој во средата вечер остана тажен. Имено, тој од Ротердам допатувал во Барселона да го гледа реваншот против ПСЖ и платил влезница од 105 евра.

Но, не ни сонувал дека стадионот ќе го напушти при резултат 3:1 во 83-та минута од натпреварот. После тоа следеа три гола на домашниот тим и големо славје. Денес Холанѓанецот ја даде својата исповест за медиумите.

„Заминав во 83-та минута за да ја избегнам гужвата. Го видов семафорот и мислев дека е се готово, па сметав дека е подобро да заминам и да ја избегнам гужвата бидејќи имаше 90.000 луѓе на стадионот. Кога веќе излегов од стадион слушнав дека Нејмар даде гол за 4:1. Помислив: „Убаво, но нема повеќе време за уште два гола, па нема да ми биде жал“, раскажува навивачот.

„Мајка ми, татко ми и пријателите ми пишуваа пораки дека ми завидуваат што ваков спектакл гледам во живо, а јас немав срце да им кажам дека заминав од стадионот. Шестиот гол на Роберто го погледнав низ прозорот на едно кафуле“.

„Влезницата за натпреварот ја купив пред еден месец и ја платив 105 евра. Откако ПСЖ победи 4:0 за малку ќе се расплачев. Како да гледам реванш во кој Барса нема никакви шанси? Знаете што е најлошо? Кога Роберто го даде голот трчаше баш во мојот смер, јас имав карта на 8-ми ред и тоа точно во аголот каде што падна голот. Целосно сум надвор од себе, се чувствувам бедно. Цела ноќ гледав во небо и со часови шетав по улиците на Барселона“, открива несреќниот навивач.