Home Шоубизнис All Eyez on Me: Трејлер за филмот посветен на животот од Тупак Шакур

All Eyez on Me: Трејлер за филмот посветен на животот од Тупак Шакур

All Eyez on Me е очекуваната американска биографска драма посветена на животот на веројатно најпознатиот рапер на сите времиња – Тупак Шакур.

Филмот е потпишан од режисерот Бени Бум, а за сценариото се погрижија Џереми Хафт, Еди Гонзалез и Стивен Багатуриан. Делото го носи насловот од четвртиот и последен албум на американскиот музичар кој го игра Деметриус Шип Џуниор.

Покрај него, во филмот играат и Кет Греам, Лорен Коен, Хил Харпер, Данај Гурира и други. All Eyez on Me е сниман од средината на декември, 2015, а премиерата е закажана за 16 јуни, 2017, на 46-от роденден од Тупак.

Тупак беше убиен на 7 септември, 1996 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Чарлс Баркли планира да се повлече од јавниот живот по пензионирањето

Кога ќе заврши претстојната кошаркарска сезона, ќе гледаме многу помалку од Чарлс Баркли. …