Home Актуелно Скопјанка уценувана со компромитирачки слики

Скопјанка уценувана со компромитирачки слики

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.П. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

Како што информираа од полицијата во периодот од 9 декември 2015 година пријавената преку пораки на социјалната мрежа Фејсбук од С.П. побарала парични средства во износ од 200 до 300 евра, а за возврат ќе и бил вратен нејзиниот мобилен телефон, а воедно ќе биле избришани и снимените видео записи со компромитирачка содржина снимени на ден 28 ноември 2015 година од  А.А. (25) од Скопје.

Пријавената противправно се стекнала со обележани парични бакноти во вредност од 170 евра, кои и биле предадени од страна на С.П., по што истата била лишена од слобода, соопштија од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…