Home Спорт Конте купува тројца за 200 милиони и ја напаѓа Лигата на шампиони!

Конте купува тројца за 200 милиони и ја напаѓа Лигата на шампиони!

Антонио Конте оваа сезона го „препороди“ Челзи и е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата, но сапак сака значително да го засили тимот за следната сезона.

Следната сезона „сините“ ќе се вратат во Лигата на шампиони, каде сакаат да бидат конкуренти, па за тоа ќе им биде потребен поголем квалитет и квантитет.

Медиумите денес пренесуваат дека Конте ќе добие буџет од 200 милиони евра и тоа само за тројца фудбалери.

Мети се еден дефанзивец, најпосакуван е Кулибали од Наполи кој ќе го чини клубот 60 милиони евра, потоа Марко Ројс од Дортмунд и Артуро Видал од Баерн.

Конте нема намера да носи преголем број на играчи, а во случај да замине Фабрегас тогаш ќе пристигне уште еден играч за врска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…