Home Актуелно Југохромци утре ќе го блокираат патот кај наплатна рампа Желино

Југохромци утре ќе го блокираат патот кај наплатна рампа Желино

Вработените во фабриката за феролегури Југохром од Јегуновце во четврток од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот од Скопје за Тетово во двата правци кај наплатната рампа кај Желино. Синдикалната организација на Југохром Алзар Јегуновце најави дека патот ќе го блокираат во знак на протест, бидејќи сите печки во фабриката се исклучени од први ноември лани по налог на Државниот инспекторат за животна средина.

Комбинатот беше затворен од еколошката инспекција, бидејќи не го испочитува продолжениот рок од две години, што му го даде Владата да постави филтри за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за работа. Околу 700 вработени во оваа компанија неколку пати го блокираат патот Скопје Тетово, со барање да продолжи со работа комбинатот, бидејќи се без егзистенција.

Синдикалните барања ќе ги истакнеме за време на протестот, а ја информираме јавноста дека на трети март во петок во 14 часот ќе присуствуваме на договорена работна средба со претседателот на Владата Емил Димитриев, соопшти Синдикалната организација на Југохром Алзар Јегуновце.

Државниот инспекторат за животна средина последната контрола во овој индустриски капацитет ја направил на почетокот на минатиот месец.

„Од последната контрола утврдено е дека градежните работи се на исто ниво пред да фатат големите студови, односно дека местото е армирано. Дали во текот не месецот е почнато со бетонирање не знаеме, но од тоа што треба да се направи не се завржени ни 10 отсто од работите, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од Министерството за животна средина велат дека штом добијат известување од Државниот инспекторат за животна средина дека е поставена филтерската постројка, ќе пристапат кон издавање на А интегрирана дозвола.

Досега нема информација дека се поставени филтрите, велат од Министерството за животна средина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…