Home Шоубизнис Не им траеше долго љубовта: Славниот пар ја раскина врската

Не им траеше долго љубовта: Славниот пар ја раскина врската

Портпаролот на пејачката Кети Пери потврди дека популарната вокалистка веќе не е во љубовна врска со актерот Орландо Блум.

„Пред да почнат да се шират гласини и лаги, потврдуваме дека Кети и Орландо веќе не се во врска“, стои во соопштението за јавноста.

Пери и Блум започнаа љубовна романса минатата година, после доделувањето на Златните глобуси, а уште од крајот на минатата година се шпекулираше дека врската им е во криза.

И покрај раскинувањето, актерот и пејачката останаа добри пријатели и заедно во неделата се појавија на забавата после доделувањето на Оскарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Истражителите на случајот на Ненси Гатри истражуваат нова можна уценувачка порака

Истражителите објавија нова трага во врска со исчезнувањето на Ненси Гатри, мајката на ко-…