Home Шоубизнис Том Џонс во врска со Присила Присли, бившата сопруга на Елвис Присли

Том Џонс во врска со Присила Присли, бившата сопруга на Елвис Присли

Сер Том Џонс пред една година ја загуби сопругата Линда, а медиумите наведуваат дека сега е во врска со Присила Присли, бившата сопруга на кралот на рокенролот, Елвис Присли.

Славниот пејач беше скршен минатата година кога неговата 59-годишна сопруга почина од рак. Извори наведуваат дека токму Присила била најголемата поддршка за 76-годишниот Џонс во текот на тешката година, како и дека се додворуваат еден на друг, но дека сè е во почетна фаза. Дека нешто се случува меѓу него и Присила потврди и самиот Том.

„Пријатели сме веќе долго време. Таа е прекрасна дама и уживаме во заедничките вечерни излегувања“, изјави пејачот.

Парот минатиот месец беше фотографиран за време на една вечера во ресторан во Холивуд. Присила се разведе од Елвис во 1973 година, четири години пред смртта на рокенрол легендата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …