Home Актуелно Кривична за 77 години стар охриѓанец за полов напад на малолетно момче

Кривична за 77 години стар охриѓанец за полов напад на малолетно момче

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 77-годишен охриѓанец.

На 12ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник Василица прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор, пријавениот го повикал малоленото лице до автомобилот паркиран до неговата гаража, велејќи му дека ќе му покаже интересни работи.  Кога двајцата заедно стигнале до возилото, пријавениот извадил еротски списанија, а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа која била во близина на  возилото и го турнал малолетникот во гаражата заклучувајки ја вратата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тука, пријавениот со примена на сила започнал да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне сега пријавениот и да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…