Home Актуелно Од утре престанува мерката за бесплатен јавен градски превоз за скопјани

Од утре престанува мерката за бесплатен јавен градски превоз за скопјани

Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

Градот Скопје ќе продолжи:

1. Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

2. Ќе продолжиме  со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

3. Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…