Home Спорт Кој вели дека Диего Коста не покажа ништо на дербито?

Кој вели дека Диего Коста не покажа ништо на дербито?

Диего Коста е најдобар стрелец на Челзи и во Премиер лигата со 15 постигнати гола, но синоќа на „Енфилд“ против Ливерпул немаше своја вечер.

Диего Коста синоќа пропушти шанса да му донесе победа на својот тим, откако во 77-та минута шутираше пенал за кој самиот се избори, но Мињоле го одбрани неговиот шут.

Меѓутоа Коста не остана запаметен само по промашениот пенал. Еден момент од натпреварот, кога после еден загубен дуел остана да седи на теренот, набрзо стана хит на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…