Home Спорт Хал се засили со фудбалер на Интер, го сака и Нани!

Хал се засили со фудбалер на Интер, го сака и Нани!

Премеиерлигашот Хал е еден од најактивните клубови во последниот ден од трансфер пазарот и сака додатно да го засили тимот во борбата за опстанок.

Имено, Хал денес го комплетираше трансферот на италијанскиот дефанзивец Андреа Ранокија од Интер кој додаѓа на шестмесечна позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Ранокија беше на излезна врата од Интер веќе подолго време бидејќи не добиваше голема минутажа, но сигурно ќе биде големо засилување за „тигрите“ во борбата за опстанок.

Притоа Хал е силно заинтересиран и за португалскиот репрезентативец, Нани кој моментално настапува во Валенсија.

Нани исто така би можел да пристигне на позајмица до крајот на сезоната, па останува да видиме дали клубот ќе успее да го комплетира трансферот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…