Home Актуелно Иванов на средба со претседателот на Уставен суд – започнуваат консултациите

Иванов на средба со претседателот на Уставен суд – започнуваат консултациите

По вчерашната најава од кабинетот на Претседателот на Република Македонија дека претседателот Ѓорге Иванов ќе отпочне консултации со надлежни институции и политички партии, денеска Иванов ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

Вчера, како што велат, македонскиот претседател оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесе ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…