Home Шоубизнис Посета на овогодинешните нобеловци на Белата Куќа – Боб Дилан одби да појде

Посета на овогодинешните нобеловци на Белата Куќа – Боб Дилан одби да појде

Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, не присуствуваше на традиционалниот прием на нобеловците во Белата Куќа кој се одржува секоја година.

Боб Дилан од почеток не ја прифати наградата која му беше доделена, ниту пак присуствуваше на официјалното доделување на Нобеловите награди во Стокхолм.

„За жал, Боб Дилан денес нема да биде во Белата Куќа, така што сите ќе можат да се опуштат“, изјави секретарот за медиуми на Белата Куќа, Џон Ернст.

Претседателот на САД, Барак Обама, претходно му честиташе на Дилан за наградата и рече дека тој е еден од неговите омилени поети, како и дека вистински ја заслужил наградата. Дилан официјално изјави дека ја прима наградата а за британски Telegraph истата кратко ја коментираше со изјавата: „Неверојатно“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …