Со ќотек му изнудиле признание, па го погубиле: Кинез прогласен за невин после 21 година


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


После повеќе од две децении откао Ние Шубин беше погубен со обвинување за силување и убиство, кинескиот суд донесе пресуда дека дечкото бил невин по сите обвиненија.

Кинеската новинска агенција Џинхуа објави дека случајот бил затворен вчера и дека добил необичен епилог кој ги вади на површина и покажува сите мани на кинеското правосудство.

Човекот со име Ванг Шуџин во 2005 година, после десет години откако Шубин беше егзекутиран, ја призна вината за тој случај.

„Во овој случај Врховниот суд ја измени оригиналната пресуда и донесе одлука дека Ние Шубин е невин. Имајќи во предвид дека доказите не биле објективни и не ја исклучувале можноста за вина на друго лице, судот донесе одлука да го повтори судењето“, беше објавено во јуни оваа година, пренесува Independent.

Во оригиналното сведочење на егзекутираниот младич постојат искази кои доведуваа до сомнеж во врска со неговата улога во убиството и силувањето. Семејството на Шубин, после ваквата пресуда, сега може да бара компензација за неговата смрт, а неговата мајка отсекогаш инсистирала на тоа дека нејзиниот син е невин и токму таа нејзина упорност доведе до ситуација да има повторно отворање на случајот.

Ние беше погубен во 1995 година, седум месеци после апсењето, а неговото семејство не било известено за неговото погубување. Тој претходно на својот адвокат му изјавил дека полицијата со ќотек го изнудила признанието од него.

Во 2013 година Врховниот кинески суд донесе одлука со која се забранува користење сила при земање на искази и признанија, после сериозната загриженост дека токму овој метод долго време бил користен за случаите да се затвораат во што пократок рок.